ГОБ 8-ми септември: Боки 13 е во добра состојба
Темелниот здравствен преглед врз Бојан Јовановски покажал дека тој е во добра состојба.
Од Градската болница 8-ми септември, за Сител велат дека направените здравствени прегледи покажале дека тој нема потреба да престојува во болница. Боки 13 од болница бил испуштен со препорачана таблетарна терапија која треба да ја прима во притворското одделение во истражниот затвор „Скопје“.
Инаку Апелациониот суд денеска треба да одлучи дали Јовановски ќе замине во куќен притвор. Тој бара од апелационите судии да му се укине притворот заради влошено здравје.
Боки 13 кој е обвинет во Рекет, утре прв пат ќе седне на обвинителната клупа во судот. Почнува судскиот процес каде освен него, обвинети се поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје