Свет
6. November 2017 - 11:28

Имате ли карта, кој си ти? Обезбедувањето во Париз не го препозна Надал

 

Безбедноста е на највисоко можно ниво во Париз по низата терористички напади кои се случија во земјата, а тоа можело да се види и на Мастерс турнирот викендов каде еден од лицата задолжено за безбедноста не го препознал Надал на влезот на салата за тренинг.

– Добар ден господине, имате ли карта? го запрашал тој, на што Надал одговорил дека нема, но откако го изговори неговото име, веднаш беше пуштен да влезе.