„Луфтханза“ викендов ја стартува авиолинијата Скопје - Франкфурт
На Меѓународниот aеродром Скопје, во недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската „Луфтханза“, со што и ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар.
Како што информираат од ТАВ Македонинија, отворањето на новата линија ќе биде одбележано со слетување на првиот авион на Луфтханза од Франкфурт на скопскиот аеродром.
Предвидено е на настанот да присуствуваат и да се обратат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата Луфтханза Петер Пулем.
Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.
Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.
Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана. „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка