МОЈОТ ЖИВОТ
Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои ли нешто на светот што една мајка не е способна да го направи во име на љубовта кон своето чедо?
За самохраната мајка Јонџа, ќеркичката е нејзиниот живот. За девојчето, таа ги прави најголемите жртви за да ѝ обезбеди пристоен живот и само така, двете се среќни и безгрижни. За неа, детето е нејзиниот најголем благослов, најголема среќа и мотив да истрае во таа сиромаштија, да продолжи понатаму, да живее. Да живее за ќерката, а не за себе затоа што токму мајката е таа што го разбира дури и тоа што детето не го кажува.
Неочекуваниот предлог од еден моќен човек одеднаш ќе ги промени нивните животи. Тој ќе ѝ овозможи на Јонџа да добие голем џек пот на лотарија, но наместо спас, тие пари за неа ќе станат најголема опасност. Од тој момент, таа ќе мора да размислува два пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете затоа што секој погрешен потег ќе значи разделба од ќерката.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт