Руски воени бродови впловија во Црвено Море
Руски воени бродови од Пацифичката флота го преминаа теснецот Баб-ел-Мандеб и влегоа во Црвеното Море, објави државната новинска агенција Тасс.
Флотата е составена од крстосувачот „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“.
– Бродовите ги извршуваат поставените задачи во рамките на поморската кампања на долг дострел, се наведува во соопштението, но не е наведена крајната дестинација на бродовите, ниту пак причината поради која Русија ги испратила бродовите во регионот.
Хутите со месеци вршат напади врз бродови во Црвено Море како одмазда за израелските воени акции во Појасот Газа, принудувајќи многу бродови да ги пренасочат патувањата.
Но, Хутите претходно соопштија дека бродови на Кина и на Русија можат да пловат низ Црвено Море и Аденски Залив и оти нема да бидат нападнати.
Во замена, тие побараа Кина и Русија да им дадат политичка поддршка на Хутите во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари