Скопје загадено, засега мерки за заштита нема, во сила само препораки
Станиците за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје за време на викендот и во текот на ноќта регистрираа високи концентрации на ПМ10 честичките кои достигнаа и над 300 микрограми на метар кубен. Карпош, Бутел, кај Ректорат, Центар и кај Миладиновци во текот на овие денови се регистрирани високи концентрации, а се уште не работат мерните станици во Лисиче и Гази Баба.
Иако загадувањето е над максимално дозволеното, мерки за заштита се активираат доколку во два последователни денови има средно дневни концентрации што надминуваат 200 микрограми на метар кубен на две мерни станици во Скопје.
Поради високите концентрации кои се штетни по здавјето и се над 100 микрограми на метар кубен, засега се само препораките до населенито да не излегува без потреба, да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.
Последните мерења на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрации во Скоје од 105 до 248 микрограми. Загадување на воздухот според мерењата има и во Тетово од 134, Куманово 142 и Струмица 130 микрограми
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување