Скворцова: Во експлозијата во метрото во Санкт Петербург загинаа десет лица
Во денешната експлозија во метрото во Санкт Петербург седум лица загинале на лице место, еден починал во возило на брза помош, а двајца во приемно одделение на болницата, соопшти руската министерка за здравство Вероника Скворцова, цитирана од ТАСС.
Според официјалните информации, во несреќата се повредени 47 лица.
-Триесет и девет лица се примени во болница, од кои двајца починале во приемното одделение, а шест од настраданите се во тешка состојба, додека состојбата на останатите е просечно тешка, изјави Скворцова.
Прес-службата на градската администрација во Санкт Петербург подоцна соопшти дека во болница се сместени 43 настрадани од експлозијата, пренесе ТАСС. Меѓу нив е и едно дете.
Експлозијата, што се случи денеска попладне, околу 13.40 часот по средноевропско време, растресе еден од возовите на метрото во Санкт Петербург, и тоа меѓу станиците „Технолошки институт“ и „Плоштадот Сенаја“.
Националниот антитерористички комитет претходно соопшти за девет загинати и над 20 ранети лица.
Градската управа на Санкт Петербург соопшти дека е прогласена тридневна жалост, што почнува од утре.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста