Убиена жена во Пеќ, втор случај на фемицид во Косово за пет дена
Женско лице е убиено утрово во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје.
Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи. – Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот.
Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.
– Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ“, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.
Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца. Мотивите за убиството се уште не се познати.
Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово. Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг.
Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата. Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство.
Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот