Ватутин: Враќањето на руските клубови во Евролигата е научна фантастика
Претседателот на кошаркарскиот клуб ЦСКА, Андреј Ватутин, оцени денеска дека учеството на руските тимови во Евролигата во овој момент е во доменот на „научна фантастика“.
Клубовите од Русија беа исфрлени од елитното европско клупско кошаркарско натпреварување по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
„Во овој момент учеството на руските тимови во Евролигата е во доменот на научна фантастика. Тоа е чиста фантазија. Дури по завршувањето на војната можат да се создадат услови да се разговара на таа тема. Сите мои колеги во Европа се тажни поради тоа што руските клубови не играат во Европа“, изјави Ватутин за ТВ Меч.
Првиот човек на московска ЦСКА посочи дека руската страна е во постојан контакт со раководството на Евролигата.
„Ние ќе продолжиме да одржуваме контакти со Евролигата како акционери во оваа организација. Ние сме во постојана комуникација и многу ни е важно да се вратиме веднаш штом се создадат услови за тоа“, рече Ватутин.
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот