-->
-->
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-->
Во Брисел денеска почна трилатерална средба на делегациите на Белград, Европската Унија и Приштина. Делегацијата на Белград вклучува бројни експерти и ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ, делегацијата на ЕУ ја предводи специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, а делегацијата од Приштина ја предводи Бесник Бислими.
Состанокот започна околу 12:30 часот и повторно главна тема ќе биде одлуката на Централна банка на Косово за забрана на користење на динари во Косово, како и формирањето на ЗСО.
Тоа е шеста рунда од дијалогот – претходната средба на ниво на главни преговарачи се одржа на 18 април во Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија