-->
-->
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-->
На 84 избирачки места во Велес и велешко, од вкупно 44 858 на Избирачкиот список, до 13 часот на гласање излегле 13 261 или во проценти 29,56, информира за МИА Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК.
Во Општина Градско, како што информира за МИА, Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско, на 11 избирачки места со запишани 3019 избирачи, до 13 часот гласале 1014 односно 33,51 проценти од избирачите, а што е најголем процент од трите општини.
Двете ОИК во Велес и Градско со свои членови и претседателите се на терен и ја следат регуларноста на избирачкиот процес.
Тие ги повикуваат граѓаните до 19 часот да излезат на избирачките места и да го остварат своето уставно право.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови