-->
-->
Фејсбук се придружува на борбата против коронавирусот
-->
Компанијата Фејсбук бесплатно ќе објавува реклами на Светската здравствена организација (СЗО), најави денеска основачот и сопственик на компанијата, Марк Закерберг.
– Ќе и дадеме на СЗО рекламен простор колку што и е потребен, заедно со друга корисна поддршка, истакна Закерберг.
На корисниците кои ќе пребаруваат постови за вирусот ќе им излегуваат поп-ап информации кои ќе ги водат до сајтот на СЗО или локалните здравствени организации со најнови вести и совети, нагласи основачот на Фејсбук, додавајќи дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор, со цел да се спречи ширењето на дезинформации.
Фејсбук ќе работи со светски здравствени експерти и ќе им дава поддршка на други организации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица